Даскаловски: Патуваме со позитивни мисли за Хрватска, приоритетот е познат и јасен

737

Селекторот Раул Гонзалез денес го соопшти конечниот список на патници за ЕП во Хрватска. Помеѓу триото голмани е и Златко Даскаловски, кој пред заминувањето за Загреб како и останатите наши членови истакна дека примарна целе е втората фаза.

„Сакам да кажам дека ова за мене ќе биде дебитантски настап на едно големо натпреварување со сениорската репрезентација. Патуваме со позитивни мисли што е нормално. Нашата приоритетна цел е да се пласираме во вториот круг, но треба да одиме чекор по чекор, од натпревар во натпревар. Ќе ни треба голема поддршка од нашите Македонци, се надевам ќе дојдат во голем број да не бодрат, како и секогаш“, изјави Даскаловски за „Спортклуб.мк“.

„Црвено-жолтата“ експедиција утре рано изутрина н заминува за Загреб. Првиот меч против Словенија го играме на 13 јануари, а противници во групата ни се уште Црна Гора и Германија