Дали Дурент сака да го испровоцира Леброн: Лесно е да сте најдобар во лоша екипа

1015

Кевин Дурент беше прогласен за МВП играч на финалната серија во НБА лигата, во која Голден Стејт со 4-0 ја победија екипата на Кливленд Кавалирс.

Откако му беше доделено ова големо признание, Дурент беше прашан дали смета дека го заслужил ова признание или дека едноставно тоа му припаѓа на Стеф Кари.

Но имаше и такви кои сметаа дека наградата треба да ја добие Леброн Џејмс.

Би рекол дека е лесно да се биде најдобар играч ако околу себе немаш добри играчи“, тврди Дурент, веројатно мисли на Леброн.

Искусниот кошаркар во просек бележеше по 28.8 поени, 11 скокови и 7.5 асистенции по натпревар.