Давитков направи рез: Го врати Мекејлеб, но го нема главниот во составот..

1874

Селекторот на кошаркарската А репрезентација, Јорданчо Давитков го дефинираше проширениот состав на репрезентативци на кои ќе смета за претстојните мечеви.

Може добро да се види дека сега место нема за Перо Антиќ, а со оглед на тоа дека тимот се екипира, тешко дека може Давитков подоцна да направи исклучок.

На Македонија сега и следува претквалификациски меч за Евробаскетот 2021 година, а прв тест ќе ни биде селекцијата на Словачка, која во Скопје доаѓа месецов на 25ти.

Во избраниот состав на Давитков може да се види враќање на Мекејлеб, но го нема името на еден од нашите најдобри кошаркари во овој спорт, Перо Антиќ.

ИЗБРАНИЦИТЕ НА ДАВИТКОВ:

Александар Костовски, Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Џордан Теодор, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дарко Соколов, Ненад Димитријевиќ, Димитар Караџоски, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Кирил Николовски, Марко Симоновски, Диме Тасовски, Ѓорѓи Чековски, Аце Штерјов, Андреј Маслинко, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски, Ричард Хендрикс, Марјан Јанески.