ГОТОВО Е: Кутињо е нов играч на Барселона!

1911

Една од најголемите саги во историјата на фудбалот завршена е вечерва.

Барселона успеа во својата намера и Филип Кутињо е нов член на каталонскиот гигант. Трансферот е официјализиран за 120 милиони евра во готови и уште 40 на име на бонуси во следните години. Тоа е трет најскап трансфер во историјата на фудбалот по оние не Нејмар и Мбапе во ПСЖ.

Кутињо веќе една недела е во Барселона, се очекува вечерва да ги изврши лекарските прегледи и да биде претставен како нов играч на шпанскиот тим.