Герет Бејл – 101.000.000 евра за 70 голови и 72 пропуштени натпревари!

1047

Официјална потврда од Мадрид – Герет Бејл ќе мора да отсуствува во следниот месец дена поради нова повреда. Првичните информации гласеа дека Велшанецот ќе ги пропушти само следните два репрезентативни меча, но Зинедин Зидан доби многу полоши вести.

Станува збор за левото колено, повредата е од потешка природа и до 5. ноември најмалку, некогаш најскапиот светски фудбалер на светот ќе биде надвор од терените.

Весникот кој е најдобро запознаен со случувањата во мадридскиот клуб, „Марка“, веднаш реагираше по оваа информација и ги собра сите повреди и сите отсуства од теренот на еден од најдобрите островски фудбалери во последната деценија.

Учинокот е навистина поразителен – 18 повреди и 65 пропуштени натпревари, а таа бројка по овие седум ќе се искачи на 72! Кога на тоа ќе се додаде дека од доаѓањето на „Сантијаго бернабеу“ во 2013. година, Велшанецот одигра само 159 натпревари во сите натпреварувања, јасно е дека ова е поразителен податок за Реал Мадрид.

Не треба да се споменува тоа дека Мадриѓаните за неговите 70 погодоци досега платиле 101.000.000 евра.

Реал Мадрид без Бејл ќе игра против Гетафе во следното коло, потоа против Тотенхем во Лигата на шампионите, па потоа против Еибрар, Фуенлабрада, Џирона, повторно против Тотенхем и Лас Палмас. За враќање на теренот би требало да биде подготвен во пресрет на дуелот со Атлетико Мадрид на 19. ноември.