Гвардиола се насочува кон најголемата неостварена желба

1292

Францускиот фудбалер повторно се наоѓа на мета на Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола има многу проблеми во одбраната, а решението за неговите главоболки чини 60 милиони евра.

„Дејли Мирор“ тврди дека Манчестер Сити е повторно заинтересиран за стоперот на Атлетик Билбао, Ајмерик Лапорте.

Одамна се знае дека тој е голема желба на Пеп Гвардиола, кој не успеа да го доведе летоска бидејќи Лапорте го продолжи договорот со Баскијците.

Сега приказната е повторно актуелна, Венсан Компани е дефинитивно отпишан поради тешките повреди, додека Џон Стоунс не ги оправда вложените пари.

Мета беше Ван Дајк, но Саутемптон не сака да го продаде, а освен тоа, Холанѓанецот го сакаат сите поголеми тимови во Премиер лигата, што ја отежнува работата на „Граѓаните“.

Најреално засилување во зимскиот преоден рок би бил Холгер Бадштубер кој би требало да биде преодна опција до летната понуда и нападот на Лапорте.

Останува сега да се види каков ќе биде одговорот на Атлетик и Лапорте, но јасно е дека Французинот со баскиско потекло би бил мега засилување за Сити.