Гвардиола не знае за доста: Не помина зимата, Сити купи засилување за лето за 50 милиони евра

744

Нема ни десет дена откако заврши јануарскиот преоден рок, а Манчестер Сити веќе го договори првото летно засилување.

Станува збор за играчот од средниот ред на Шахтјор, Фред кој е и бразилски репрезентативец. Отштетата изнесува 50 милиони евра, а Сити во трката за неговиот потпис го победи градскиот ривал Јунајтед.

Фред е првиот играч од средниот ред што го купува Гвардиола по шесте дефанзивци и голман донесени во текот на оваа сезона.