Вујо: Три пати го гледав мечот со Македонија, станав дури во 4 наутро, она што го видов…

4962

Веселин Вујовиќ кој е миленик на дел од македонската публика од времето кога го водеше Вардар, се уште не може да се помири по синоќешниот пораз.

Тој денеска во словенските медиумите повторно потенцираше дека судиите се виновни и дека дури кога дознал кои судии се делегирани за овој меч и пресметката со Македонија, претпоставувал што ќе се случува.

Три пати го гледав мечот со Македонија, еднаш по завршувањето на мечот, вториот во 4 наутро и третиот пред утринскиот тренинг. Па јас препознав 19 грешки кои одеа на наша штета“.

Судиите целосно ја разрушија нашата игра, замислете ова да им се случеше на една Германија, Данска или Франција, тоа ќе беше голем скандал. На нас сега не ни преостанува ништо туку да заборавиме на поразот бидејки не чека друг натпревар“.

Кога ми рекоа од репрезентацијата кои судии ќе делат правда на овој меч, знаев што ќе се случува. Романците ми рекоа и тоа дека тие станале судии кога јас сум ја почнал својата тренерска кариера. Се надевам дека ЕХФ ќе им се заблагодари наскоро“, истакна Вујовиќ.