Вујо решил рудар да станува

760

sportclub.mk, директно од Загреб

Словенија во првото коло од групата Ц на ЕП капитулираше од Македонија, а нивниот селектор Веселин Вујовиќ по мечот на прес-конференцијата даде интересна изјава.

„Ако ЕХФ оваа арбитража од мечот ја оцени како добро, тогаш јас сум подготвен да ја сменам професијата. Еве на пример ќе бидам рудар, кога веќе не разбирам ракомет“, изјави Вујовиќ.

Вујо како и секогаш, вината за поразот не ја најде во своите редови, туку кај судиите, нешто од што сме навикнати уште од времето кога го водеше Вардар и Македонија. Темпераментниот Црногорец безмалку секој меч влегуваше во конфронтација со судиите, често беше исклучуван, а се случуваше и физички да се пресмета.

Ако му се суди според оваа изјава, Вујо е печен да стане рудар, па да види како се печали лебот.