Во Победа пристигна Французин од Премиер лигата, Камерунец и Бразилец

2268

Екипата на Победа во пролетниот дел од сезоната ќе биде со драстично променет лик. Клубот од Прилеп го напуштија Шаркоски, Ристевски, Најдовски, Цветаноски, Илиески, Маневски, Илијовски,Мирчевски, Недановски, но веќе пристигнуваат нивни замени.

Поранешниот шампион денеска ги започна подготовките, па на првата прозивка имаше неколку интернационалци. 24-годишниот играч за врска Усеин Мунпаин, кој настапувал за аргентинскиот Хуракан и младиот 19-годишен француски центарфор Отман Елауниа, кој доаѓа од младиот тим на англискиот премиерлигаш Бурнмаут каде во 21 Куп натпревар постигнал 15 голови. До крајот на неделава ќе пристигне и 22-годишниот бразилски офанзивен играч за врска Лукас Силва Сантос Јуниор,

Клубот за 16-ти јануари го закаж првиот контролен натпревар со Шкендија во Охрид.