(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хорор повреда на кошаркарот на Фенербахче!

548

Пред крајот на третата четвртина од натпреварот помеѓу Фенербахче и Басконија во рамките на Евролигата беа видени ужасни сцени во Истанбул.

Имено, при едно забивање, доста незгодно и страшно падна бекот на Фенербахче, Џејмс Нанели.

Тој падна директно на глава, по што страдаше вратот и остана без свест, на запрепастување на сите кои беа присутни на теренот и трибините.

Веднаш му беше укажана медицинска помош, а теренот го напушти на носилки.