Влез меѓу бесмртните: Федерер ќе го сруши рекордот на Агаси!?

902

Најдобриот тенисер на сите времиња Роџер Федерер не само што е рекордер по бројот на освоени Гренд слем титули, туку има можност да собори уште еден неверојатен рекорд.

Со прифаќањето на поканата за настап на турнирот во Ротердам, тој доби можност да се бори за враќање на првото место на АТП листата, првпат по речиси шест години. Ако успее во својата намера, Федерер ќе стане најстариот тенисер во историјата кој се искачил на највисокото место.

Досегашен и се уште актуелен рекордер е Андре Агаси кој беше најдобар светски тенисер со 33 години и 131 ден. Ако Федерер стигне барем до полуфиналето во Ротердам, ќе го направи тоа со 36 години и 193 дена. Прашање е дали некој некогаш ќе успее да го собори овој рекорд.