(ВИДЕО) Јуве колабираше во Торино, Сити веќе во четвртфиналето

712

Јувентус испушти голема шанса уште вечерва да го завери пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а место тоа ќе мора да се спасува од елиминација на Вембли.

По само девет минути игра од првиот натпревар против Тотенхем, “бјанконерите” имаа предност од 2-0 за дуелот да заврши без победник – 2-2. Игуаин ги стресе гостите во втората и деветтата минута од пенал, Кејн намали во 35. минута, а клучниот момент се случи непосредно пред крајот на првото полувреме.

Даглас Коста изнуди пенал од Орие, Игуаин тргна да го изведе, но место хет-трик, ја стресе пречката од голот на Тотенхем. Казната за тоа стигна во 72. минута кога Ериксен од слободен удар ги постави конечните 2-2.

За разлика од Јувентус, Манчестер Сити уште вечерва може да почне да размислува за четвртфиналето од Лигата на шампионите. Лидерот во Премиер лигата со 4-0 славеше на гости кај Базел, не оставајќи му на противникот ни трошка надеж дека може да дојде до сензација.

Гундоган со два и Бернардо Силва и Агуеро со по еден гол му ја донесоа убедливата победа на Сити кој останува еден од фаворитите за титулата во Лигата на шампионите.