ВИДЕО: Што се случува во Англија? Судиите молчат а „месарите“ продолжуваат да ги бројат жртвите

1340

Лидерот во Премиер лигата, екипата на Манчестер Сити се реши да го крене гласот против грубата игра на терените.

„Граѓаните“ поради повреди останаа без Кевин Де Брујн, Брахаим Диар и Лирои Сане кој поради стартот на мечот против Кардиф од страна на Џои Бенет ќе паузира подолг период.

Доказ дека во Сити со право се загрижени  е и синоќешниот меч БВА- Челзи. Имено фудбалерот на ВБА, Криг Давсон за време на мечот крвнички со отворен ѓон стартуваше на играчо на Челзи, Давиде Запакоста.

Иако беше очигледна намерата и стартот на нога, а не на топка, главниот судија не покажа ниту жолт картон.