(ВИДЕО) Што беше тоа победа: Мадридската мизерија нема крај

820

Трет натпревар по ред без победа, само еден триумф во последните пет кола и втор пораз во низа на домашен терен.

Не се работи за кој било клуб, туку за актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид кој е најголемата мизерија во моментов во Европа. Вечерва тимот на Зинедин Зидан е совладан пред своите навивачи од Виљареал (0-1), првпат во историјата на меѓусебните дуели.

Реал имаше повеќе од играта, упати 20 шута кон противничкиот гол, но не ја затресе мрежата на фантастичниот Асенхо кој имаше свој ден. Казната стигна во 88. минута кога Форналс на прекрасен начин го совлада Навас и му донесе три бода на Виљареал.

За волја на вистината, на голот му претходеше чиста офсајд позиција од Унал, а пред крајот на првото полувреме не беше досуден чист пенал за Кристијано Роналдо. Но, тоа не е оправдување за тимот кој утре може да заостанува и 19 бода во однос на Барселона, а во опасност му е доведено и четвртото место во Ла Лига што води во Лигата на шампионите.