Видео: Шок во Манчестер, „ѓаволите“ губат на полувреме, Баерн убедлив против ПСЖ

1556

Сиромашно полувреме вечерва во Лигата на шампионите, по првите 45 минути, видовме само пет голови.

Но сигурно најинтересно е во Манчестер, каде „ѓаволите“ губат од ЦСКА со 0:1, таму стрелец беше Џагоев.

На Манчестер Јунајтед му е потребен бод за сигурно да ја обезбеди првата позиција на табелата вечерва.

Баерн Минхен води со 2:0 против ПСЖ со головите на Роберт Левандовски (8) и Толиусо (37), Јувентус води со 0:1 на гостувањето кај Олимпијакос со голот на Квадрадо (15), додека водство на гостувањето има и Базел против Бенфика, таму гол постигна Елуноси во 5. минута.