(ВИДЕО) Хрватите воодушевени од Македонците: Вакво лудило не сум доживеал… Каков хаос!

3686

Македонската репрезентација направи вистински подвиг на отворањето на Европското првенство во загрепска „Арена“ совладувајќи ја Словенија со 25:24.

Натпреварот беше исполнет со пресврти и многу драматика, како и со голема поддршка од трибините за двете репрезентации. Сепак, како победник на крајот излезе Македонија, како на теренот, така и на трибините, а тоа не ги остави ниту Хрватите рамнодушни.

Официјалниот диџеј на Европското првенство на својот Инстаграм профил сподели видео од македонската „Фаланга“ и напиша: „Се сум чум и доживеал во животов, но вакво лудило како на денешниот натпревар меѓу Македонија и Словенија никогаш… Каков лоооммм“.