(ВИДЕО) ХОРОР: Хулигани влетале во соблекувална и крвнички претепале цела екипа

1732

Турскиот фудбал е потресен од сериозен инцидент кој се случи на една од натпреварите во аматерските лига.

Станува збор за средбата помеѓу Јени Чанспор и  Султангази, кој заврши нерешено со 2-2. Откако завршил натпреварот на терен влетале хулигани на домашната екипа и започнале да ги тепат гостите.

Атакот не запрел ниту во соблекувалната каде што крвнички, буквално до онесвестување биле тепани фудбалерите. Од видеото може да се види како некој од гостинските фудбалери онесвестени лежат на подот, додека други во паника со раскрвавени глави пробуваат да се засолнат.

Тамошните медиуми велат дека петмина фудбалери со сериозни повреди биле веднаш хоспитализирани во болница.