ВИДЕО: Хазардерот Мурињо се коцкаше и го искоцка Јунајтед во ЛШ: Севилја и Рома одат во 1/4 финале

1906

Манчестер Јунајтед е елиминиран од ЛШ, Севилја вечерва приреди пријатно изненадување за своите навивачи кои беа присутни на „Олд Трафорд“.

Шпанската екипа беше подобра, одигра одлични 90 минути и победи со 2:1, единствениот гол за Јунајтед го постигна Лукаку во 84. минута, кој не беше доволен за следна фаза.

Првиот дел мрежите мируваа, а головите дојдоа во последните 15 минути од средбата, во режија на Бен Једер во 74. и 78. минута, за тотален шок на „Олд Трафорд“.

Мурињо сигурно ќе добие незгодни прашања на пресконференцијата кои ќе мора да ги одговори пред очите на навивачите и спортската јавност.

Што се однесува до вториот меч, Рома со голот на Един Џеко, успеа да се протне во следната фаза од ЛШ, благодарение на тоа што постигна гол против Шахтар нагости во поразот од 2:1.