ВИДЕО: Фантастичниот Харден со 40-ка ги демолираше Лејкерси

410

Кошаркарите на Хјустон победија на домашен терен против ЛА Лејкерс во новогодишната ноќ со резултат 148:142.

Рокетси подобро го отворија натпреварот, но Лејкерси подоцна направија пресврт и имаа предност дури од +11. Но сепак, тоа домашните го стигнаа и на крајот во продолженија славеа.

Одличен натпревар одигра Харден, кој запиша 40 поени и 11 асистенции, а помош имаше од Пол со 28 поени и 10 асистенции. Кај Лејкерс најдобар беше Рендл со 29 поени и 15 скокови.

Од останатите натпревари.

Вашингтон – Чикаго 114:110
Индијана – Минесота 90:107
Бостон – Бруклин 108:105
ЛА Клиперс – Шарлот 106:98
Оклахома – Далас 113:116
Сакраменто – Мемфис 96:114
Феникс – Филаделфија 110:123