ВИДЕО: Утка на сезоната во Ф1 – хостесата која направи глупост со „црно-белото“ знаме во Монтреал!

2336

Себастијан Фетел е победник на трката во Монтреал која денеска беше на Ф1 календарот.

Возачот на Ферари без посериозни проблеми, рутински дојде до победата, оставајки ја конкуренцијата зад себе во Канада.

Со оваа победа Фетел го превзема врвот од генералниот поредок во Ф1 сезоната, со бод предност пред Хамилтон, кој денеска неможеше да дотурка повеќе од 5. позиција.

Но дефинитивно момент на мечот беше онаа хостеса која требаше да го развиори црно-белото знаме кое симболизира крај на трката, но за жал Фетел се уште беше далеку од целта, скоро на половина круг.

Сигурно дојде до некоја поголема забуна, сметајки од страна на девојката дека болидот на Раиконен, кој беше на 6. позиција е всушност победник на трката.