ВИДЕО: „Трето полувреме“ по трката на Фетел со Верстапен: Зошто ми го направи ова?!

69

Сигурно дека Себастијан Фетел нема да му прости на младиот Макс Верстапен, кој денеска на трката во Кина направи непромислен потег.

Воден од адреналинот и од далеку поголемата брзина која Макс ја поседуваше во моментот кога се судрија, тоа придонесе за Фетел да загуби многу на оваа трка, па да ја заврши трката на 8. позиција, далеку зад останатите.

По трката, Фетел веднаш побрза да ги слушне аргументите на Верстапен зошто му влегол во траекторијата на движење, односно зошто му ја уништи трката, во која подиум му беше реална опција.

Сепак Верстапен доби казна од 10 секунди која нема многу да го уназади, бидејки со таа казна, Макс завршува на 5. позиција, пак пред Фетел.