ВИДЕО: Тензии во „Јасмин“ – се спукаа навивачите на двете страни, интервенција на полицијата

1396

Работнички и МЗТ Скопје се сигурно двете најголеми екипи во македонската кошарка, а во вечерашното финале од Купот на Македонија во салата „Јасмин“ во Кавадарци, на почетокот од мечот, се појавија првите искри на трибините.

Натпреварот мораше да биде запрен, за да се смират навивачите кои дивееја на трибини и кои буквално корнеа столчиња, па полицијата за некоја минута стапи на сцена и ја смири тензијата.

Но дали се потребни вакви сцени од нешто што треба да биде празник на кошарката во Македонија..

MZTRab

СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ НА НАВИВАЧИТЕ ВО САЛАТА ЈАСМИН

Publié par Спортисимо Македонисимо sur dimanche 18 février 2018