(ВИДЕО) Страшен пад на рускиот скијач во Пјонгчанг

1501

На Зимските олимписки игри од самиот почеток владеат мошне лоши временски услови, а тоа најдобро на своја кожа денеска го почувствува рускиот скијач Павел Трикичев.

Имено, рускиот скијач доживеа страшен пад за време на спустот во алпска комбинација откако загуби контрола при голема брзина. Трикичев потоа со глава удри во заштитната мрежа и остана да лежи на снегот.

За среќа медицинската помош брзо реагираше и Русинот успеа да се извлече без потешки повреди. Набрзо беше запрено крварењето од носот и Трикичев замина на дополнителни прегледи.

Поради лошите временски услови во Пјонгчанг неколку трки во машка и женска конкуренција во скијање веќе се одложени.