ВИДЕО: Стратегот на Спортинг го насмеа цел свет – вака довикуваше по Меси

1520

Барселона вчера со победата над Спортигн Лисабон го обезбеди првото место во групата од Лигата на шампионите.

Тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде повторно го штедеше Лионел Меси кој во игра влезе при водство на Барселона од 1-0, во 61. минута. Интересно при влегување на теренот на Аргентинецо, стратегот на Спортин, Жорге Хесус нешто му довикна.

По мечот Хесус влезе на теренот да се поздрави, но притоа и се опушти малку откако на Меси му довикна: „Мали, мали“.

Новинарите со желба да дознаат што поточно му реколо Хесус на Меси, се расрпашаа и добија одговор.

„Кога влегуваше на терен му реков: „полека, немој да не убиеш“. Меси не е само голем фудбалер, тој е и голем господин. Екипата која што го има него едностано е многу блиску до победа. Барселона со него на теренот и против нас веднаш беше многу поопасна“, изјави Хесус.