ВИДЕО: Стравичен пад на 16-годишен Јапонец во Пјонгчанг

645

Јуто Тотсука, сноубордер од Јапонија доживеа тежок пад за време на својот настап на Зимските Олимписки Игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Младиот 16-годишен натпреварувач за време на изведување на својот настап и скокот, наиде на налет на ветер кој му попречи и загуби контрола по што имаше незгоден пад.

 

Јапонецот откако удри во врвот на рампата од мраз, лежеше неподвижно на снегот, што предизвика шок кај присутните гледачи.

Младиот натпреварувач на  носилки беше пренесен до амбулантно возило, а потоа и во болница. По прегледите, беше соопштено  дека тој не е сериозно повреде