(ВИДЕО) Пред шест години играа шест саати во финале, денес на рехабилитација…

1217

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал одбележаа една тениска ера и нивните имиња длабоко ќе останат врежани во историјата на овој спорт без разлика што ќе се случува во иднина.

Во моментов Надал е прв на АТП листата, но сепак има проблеми со повреди, а Ѓоковиќ одамна не може да заздрави од болките во лактот. Причините за таквата ситуација ги “најде” српскиот ас и ги искоментира на интересен начин.

No wonder we need rehab now 😂😂 @rafaelnadal 🎥 @espn

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

„Не е чудо што сега мораме на рехабилитација”, напиша тој на Инстаграм присетувајќи се на меѓусебниот антологиски дуел во финалето на Австралија Опен пред шест години.

Тогаш победи Ѓоковиќ во пет сета, но мечот траеше 5:53 часа. Двајцата толку беа исцрпени што не можеа да издржат на церемонијата на доделување на пехарот. Организаторот мораше да им донесе столчиња да седнат за да ги ислушаат говорите.