ВИДЕО: Олимпијакос го демонтира Фенер, но забивањето на мечот го имаше Весели

708

Во мега пресметката од 21. коло во кошаркарската Евролига, грчки Олимпијакос беше далеку подобар противник и го победи стариот непријател од Турција, Фенербахче со 95:70.

Поконкретни на овој натпревар беа домаќините кои на свој терен во Пиреа го демонтираа тимот на Жељко Обрадовиќ.

Уште во првата четвртина се виде надмоќта на домаќините (34:18), а трендот беше променет во вторите 10 минути, кои ги добија гостите (11:18).

Во третата четвртина повторно доминација на домаќинот (26:18), што беше случај и последната четвртина со 24:16, по која Олимпијакос победи уверливо на оваа средба.

Еден од највпечатливите моменти на средбата беше забивањето на Весели од Фенербахче, кој се испружи колку што е долг кон кошот.