ВИДЕО: На среде настап и пукна фустанот – партнерот спречи да не остане гола

1760

Зимските Олимписки Игри од секогаш носат низа изненадувања и интересни моменти, но она што се случи вчера за време на натпреварите во уметничко лизгање е навистина несекојднево.

Јура Мин со нејзиниот партнер Александер Гамелин само што го започнаа својот настап во парови на ЗОИ во Пјонгчанг и се случи несреќа. Кога велиме несреќа не мислиме на тоа дека тие паднале при доскок или пак погрешно извеле некој елемент.

Причина за несреќата е што уште во почетокот на настапот, пукна фустанот на Мин, па нејзиниот партнер јуначки се бореше да го задрже на својата партнерка за да не остане гола.