(ВИДЕО) На Борко не му оди, но Митревски не врати во живот

575

“Министерот за одбрана” Борко Ристовски нема свој ден во Загреб, оствари само две одбрани од осум шута, но македонската репрезентација има одлична замена за него.

Тоа е Никола Митревски кој откако го замени Ристовски има седум одбрани од 12 шута. Во најтешките моменти искусниот чувар на мрежата имаше “дабл” – две одбрани во една акција на Словенците.

Нашите навивачи го скандираат неговото име, тој е асолутен херој во првите 30 минути.