(ВИДЕО) Место апсолутен херој, може да биде трагичар: Игуаин ја скрши пречката

1353

Гонзало Игуаин можеше да биде апсолутен херој по првото полувреме од натпреварот против Тотенхем.

За само девет минути постигна два гола, а откако гостите намалија имаше шанса да дојде до хет-трик. Даглас Коста изнуди пенал, Игуаин тргна да го изведе, но жестоко удри по пречката по што главниот судија го заврши првото полувреме.