ВИДЕО: Малку недостасуваше за сензација на почетокот – Франција во финишот дојде до победа

804

Ракометарите на Франција кои се едни од најголемите фаворити на ова Европско првенство, лошо го отворија вечерашниот меч против Норвешка, но на крајот сепак се извлекоа и остварија минимална, но важна победа.

Норвежаните на полувреме имаа два гола предност, а Франција мораше да ја спасува ситуацијата и во последните минути од мечот да се избори за прва победа на ова ЕП.

Во првата средба од групата Б во Пореч, Белорусија ја совлада Австрија со 27:26, па сега Франција и Белорусија се водечки во групата со по 2 бода по првото коло.