(ВИДЕО) Македонија се врати од бездната: Митрeвски одбрани, Талески израмни на полувреме

420

Македонската ракометна репрезентација во овој момент го игра првиот натпревар на Европското првенство во Хрватска против репрезентацијата на Словенија.

Избраниците на Раул Гонзалес се најдоа во незавидна ситуација, нападот целосно затаи, а одбраната исто така не беше на највисоко ниво, се додека на голот на застана Никола Митревски.

mkdtaleskigol

Голманот Митрески не врати во живот во финишот.Одбрана во финишот и брз гол на МАКЕДОНИЈА ЗА 11:11 на полувреме!!! АЈДЕ БРЕ МАКЕДОНЦИ!

تم نشره بواسطة ‏‎Спортисимо Македонисимо‎‏ في 13 يناير، 2018

И покрај тоа што Скок правеше чуда на голот и ја зголемуваше предноста на неговата Словенија, Митревски се разбрани во последните минути од првото полувреме, па по неговата одлична интервенција на седум секунди до крајот, Македонија повлече контра, а Лазаров го проигра Талески кој стрелаше за 11:11.

Со тоа, Македонија се врати од бездната и од 8:11, успеа да постигне три гола во серија, но и благодарение на Митревски да го зачува својот гол за 11:11 на паузата меѓу полувремињата.