ВИДЕО: Лука, ти си кошаркарски маестро, но тоа не се прави вака сине!

1916

Словенскиот кошаркар, талентираниот Лука Дончиќ, вчера поради груба игра доби техничка грешка, а подоцна и исклучување.

Тренерот на Реал по натпреварот, истакна дека Дончиќ мора да си ги контролира своите емоции, без оглед на исходот.

Лука е млад и мора да биде паметен, тој мора да ги почитува одлуките на судиите, без оглед на тоа дали одлуката е исправна од нивна страна“.

Дончиќ го раскрвари својот противник, а по таа слика, судиите решија да го исклучат од натпреварот младиот Словенец.