ВИДЕО: Ливерпул имаше своја ноќ: Го испратија Спартак со седум парчиња за Москва

348

Феенорд и Наполи вечерва во дуелот на „отпишаните“ одиграа 2:1, победа за домаќините, во натпревар без некое посериозно значење, бидејки Наполи ќе игра во Лига Европа, додека Феенорд заминува дома.

Шахтар со 2;1 победувајки го Манчестер Сити, ја обезбеди првата позиција, па заедно со „граѓаните“ ќе патува во следната фаза од натпреварувањето.

Во групата Е, Ливерпул оствари една од најуверливите победи во својата историја, совладувајки го Спартак Москва со 7:0, во меч каде голови постигнаа, Кутињо (3), Мане (2) и по еден Фирмино и Салах. Освен Ливерпул, патник понатаму од оваа група е и екипата на Севилја која вечерва одигра 1;1 на гостувањето кај Марибор.

Во групата Х, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа 3:2, а Реал како второпласиран оди понатаму, бидејки Тотенхем оствари победа против АПОЕЛ со 3:0, па си обезбеди прва позиција. Дортмунд ќе игра во Лига Европа, додека АПОЕЛ ги пакува куферите.

Во групата Г, Порто со 5;2 ја совлада екипата на Монако, додека РБ Лајпциг загуби на домашен терен од Бешикташ (1:2), кој како првопласиран оди во елиминационата фаза, заедно со Порто. Лајпциг ќе игра во Лига Европа, а Монако заминува дома.