ВИДЕО: Лејно повторно блесна и влезе во ТОП 5 одбрани на колото во ЛШ

289

Ракометарките на Вардар викендов прокнижија уште една лесна победа во Лигата на шампионите откако слвеа над Будуќност со резултат од 31-24.

Повторно со одличен настап пред публиката во СЦ „Јане Сандански“ се покажа Амандин Лејно која блескаше помеѓу диреците на „црвено-црните“.

Па така, Французинката се избори за место во ТОП 5 одбраните на колото во ЛШ, откако една од нејзините интервенции при контра на Црногорките се најде на третото место.

Изборото од ТОП 5 одбрани на колото, како и интервенцијата на Лејно може да ја погледнете овде.