(ВИДЕО) Комична ситуација во Лигата на шампионите: Овој судија под итно мора да оди на очен лекар!

801

Просто не е реално што овој судија призна како погодок за три поени.

На натпревар од кошаркарската Лига на шампионите помеѓу Остенде и Бон, српскиот интернационалец Душан Ѓорѓевиќ навлезе барем еден метар во просторот ограден со линијата 6,75, шутираше прецизно, а неговиот погодок, на општо изненадување, беше признаен како погодок за три поени!

Судијата, кому целата ситуација му се случуваше „пред нос“, подигна три прста како знак дека станува збор за шут за три поени…