(ВИДЕО) Колку постари, толку подобри: Кире Лазаров и Арпад Штербик меѓу најдобрите ветерани во Лигата на шампионите

391

ЕХФ направи интересен избор за крајот на годината, а во него се најдоа оние играчи кои повеќе од 20 години и даваат посебен шмек на Лигата на шампионите.

Секако, најелитното клупско ракометно натпреварување не може да мине без двајца ракометари кои се инволвирани во македонскиот ракомет. Едниот е капитенот на македонската ракометна репрезентација, а другиот е еден од клучните играчи кои ја донесоа европската титула во Скопје.

Станува збор за Кире Лазаров и Арпад Штербик кои се најдоа во избраното друштво каде се уште и величините како Лазло Наѓ, Тиери Омејер, Славомир Шмал и останатите легенди кои се уште жарат и палат на терените во Лигата на шампионите.

Сите тие се веќе длабоко навлезени во четвртата деценија од животот, но тие се како виното – колку постари, толку подобри…