ВИДЕО: Каде е Перо, таму има инциденти – Антиќ и тренерот на Мега на „воено поле“

2334

Црвена Звезда вечерва победи на гостувањето во Сремска Митровица со 90:85 и го задржа првото место во АБА лигата.

Но сепак, натпреварот траеше подолго од очекуваното поради инцидентот на паркетот. Пет минути пред крајот на мечот, Битаџе го фаулираше Лесор кој полесно се повреди при падот.

Ваквиот старт не им се допадна на кошаркарите на Црвена Звезда, а посебно на Перо Антиќ и Џејмс Фелдин кои веднаш тргнаа во конфронтација, поради што мораше да реагира и обезбедувањето.

Прекинот траеше десетина минути, а техничка доби Лесор и играчот на домашните Стефан Синовец.