ВИДЕО: Има извозено преку 700 круга во Ф1, никој никогаш го нема поминато, но нема ни една титула

613

Бернд Мејландер има уникатна професија, а тоа е возач на безбедносното возило за време на трките од Формула 1.

Повеќе од 19 години ја извршуваа оваа функција а светските шампиони како Шумахер, Хакинен, Хамилтон и останатите никогаш го немаа поминатот, а и не смееја ни да пробат.

Има извозено преку 700 круга во најбрзиот циркуз на светот. Секогаш го диктира темпото гледајќи ги пилотите во ретровизорот на својот моќен Мерцедес АМГ ГТ С.

Мејландер оваа работа со големо задоволство ја извршува од 1999 година,а признава дека кога е на стазата нема простор ни за најмала грешка.