ВИДЕО: Звезда и ЦСКА без голови во Белград – парадата на Акинфеев е момент на мечот

370

Екипите на Црвена Звезда и ЦСКА Москва вечерва одиграа натпревар без голови на стадионот во Белград, во рамките на 1/16 финалето од Лига Европа.

Белградската екипа имаше неколку навистина зрели шанси и навистина може да жали што не победи, но затоа ЦСКА го имаше на голот фантастичниот Игор Акинфеев, кој имаше извонредна вечер.

Црвена Звезда одигра на ниво, но сепак на крајот не ја капитализира теренската иницијатива. Од натпреварот може да се издвои одбраната на Акинфеев, онаа бомба која иташе кон голот на гостите.

Сега белградската екипа пласман во следната фаза ќе бара нагости каде ќе мора да постигне гол.