(ВИДЕО) Затоа Меси е најдобар: Роналдо во два живота не би направил вакво нешто

2189

Барселона ја победи Ла Коруња со 4-0, Меси погоди три стативи и утна пенал, по два гола постигнаа Суарез и Паулињо.

Тоа, накратко, е најважното од она што се случи синоќа на Камп Ноу. Од деталите, еден од најинтересните беше оној во 29. минута. Иниеста на фантастичен начин го проигра Меси, Аргентинецот беше сам пред противничкиот голман и можеше да се обиде да шутира.

Кристијано Роналдо сигурно би го направил тоа, но Меси ја спушти топката до Суарез и му овозможи тој да го направи тоа.