ВИДЕО: Е ова е за почит: Димитров со полн трк и скок над мрежата, отиде да му помогне на повредениот ривал

1115

Третиот тенисер во светот, Григор Димитров, ги импресионираше љубителите на „белиот спорт“ со потегот кој го имаше на мечот против Кајл Едмонд.

Димитров при резултат 4-4 во третиот сет, на маестрален начин ги остави своите приоритет на мрежа па скокајки ја мрежата дотрча да му помогне на противникот, кој веројатно го повреди зглобот.

Тој не само што му пружи поддршка додека Едмонд беше на земја, туку и го однесе до клупата, што сигурно „пали“ кај тениската публика.

По лекарската интервенција, британскиот тенисер реши да го продолжи мечот, но бугарскиот тенисер по два гема ја осигура победата (6:3, 6:7 (3), 6:4), па си закажа полуфинален меч против Ник Кирјос.