ВИДЕО: Драма во Кина – Верстапен со „камиказа“ потег го уништи Фетел па доби казна

21

Вистински возбудувања во последните 16 кругови од крајот на трката во Кина, кога настрада болидот на Ферари, кој беше на третата позиција.

Далеку побрзите болиди на Ред Бул во тие моменти, имаа подобра позиција за напад, но како се чини, Макс Верстапен направи непромислен потег, го истурка Фетел од трката, му влезе во траекторијата на движење и го стави неколку позиции поназад.

Но веднаш по само 2 круга, стјуардите на трката проценија дека токму Верстапен е виновен и му доделија казна од 10 секунди.