ВИДЕО: Драматичната победа на Цедевита против Задар во последната секунда

533

Цедевита ја запиша 10. победа во регионалното натпреварување и се изедначи на врвот од табелата со белградската екипа Црвена Звезда и Будуќност.

Задар имаше предност на натпреварот на 6 секунди пред крајот, но драмата го достигна зенитот на возбудување во последните секунди.

Буквално со звукот на сирената, во последната секунда, кошаркарот на Цедевита смело тргнува кон кошот и погодува за вредна победа на своите.

Следното коло Цедевита игра против Игокеа додека Задар против МЗТ Скопје.