(ВИДЕО) Двата гола на Манасков меѓу најдобрите потези за Веспрем во изминатата година

522

Македонскиот ракометен репрезентативец и десно крило на Веспрем, Дејан Манасков, успеа да се избори за место во стартната постава на унгарскиот шампион сезонава.

Манасков, кој е препознатлив по својата брзина и умешност со кои умее да ги изненади противниците, возвраќа на довербата која ја добива од тренерот Љубомир Врањеш, а еден од неговите голови, поточно оној на дуелот со словенечки Целје, се најде на листата на најубави потези на ракометарите на Веспрем за оваа година.

Манасков постигна атрактивен гол од невообичаена позиција за него против Целје, а исто така, конкурираше и со неговиот гол против Кјелце.