ВИДЕО: Грифин беше „патосиран“ со страшен нокаут од МекГи

1399

Класичен нокаут доживеа кошаркарот на ЛА Клиперс на синоќешната средба против Голден Стејт, Блејк Грифин, после кој остана да лежи на теренот.

Џавал Мекги го погоди Грифин на сред глава, е сега тоа може да биде толкувано од два аспекти, или намерно или случајно, па вие по видеото може да процените за што всушност станува збор.

Грифин во тие моменти додека беше на земја, не знаеше каде се наоѓа, но тоа не им засмета на двете екипи по овој инцидент да го продолжат мечот како да ништо не се случило.