ВИДЕО: Вистинска лудница во НБА – три тројки за 11 секунди, една од девет метри

18

Спектакуларно отворање на серијата во првиот круг од плеј-офот од НБА лигата ни понудија екипите на Бостон и Милвоки.

Селтикс на свој терен славеа победа со 113-107 по продолженија, но Бакси на драматичен начин се изборија за дополнително време за игра.

Веројатно тоа беше најлудиот меч во досегашниот дел од сезоната во НБА. Во последните 11 секунди беа постигнати дури три тројки.

Особено атрактивна беше  онаа на само две секунди прек крајот кој што од девет метри ја даде кошаркарот на Милвоки, Крис Мидлетон.