ВИДЕО: Бојкот до крај – ПАО не излезе на терен за химната

917

Играчите на Панатинаикос вечерва решија да ја бојкотираат химната на Евролигата на натпреварот против екипата на Басконија.

Ова е само продолжение на борбата на претседателот на ПАО Димитрис Јанакопулос, кој најави референдум на кој навивачите ќе избираат дали клубот ќе сака да остане во елитата или да ја напушти поради незадоволство.

Вечерва во Атина при изведување на химната, воопшто не излегоа на терен играчите, по што испратија силна порака до раководството на Евролигата.