(ВИДЕО) Бостон победи и повторно фаќа залет, а Џинобили е како вино

412

Кошаркарите на Бостон по неколкуте слаби резултати повторно се во серија победи со што го држат првото место во Источната конференција. Бостон и Минесота приредија интересна кошаркарска претстава во еден од синоќешните дуели во НБА лигата. Во неизевесен меч на крајот славеа Ирвинг и неговите соиграчи со 91:84.

Во редовите на Бостон Маркус Смарт беше најефикасен со 18 поени, а добар натпревар имаше и Кајри Ирвинг со 16 поени, 10 скока и 8 асистенции. Кај Минесота најдобар беше Карл Ентони Таунс со 25 поени и дури 23 скока.

Екипата на Сан Антонио Спарс полесно од очекувањето славеше победа над Феникс Санс со 103:89. Ветеранот Џинобили имаше своја вечер, покажувајќи дека без него и понатаму не може да се замисли Сан Антонио, и заедно со Ленард со по 21 поен беа најпрецизни кај победничката екипа, додека ист број на поени постигна и кошаркарот на Феникс, Букер.

И покрај тоа што навлезе во 40. година, Џинобили како резерва успеа да го наполни кошот на Феникс за само 19 минути игра, со што стана првиот играч во петтата деценија од животот кој успеал дојде до учинок од 21 поен, три асистенции, две украдени топки и два скока.

НБА резултати:

Бостон – Минесота 91:84
/Смарт 18 – Таунс 25/

Филаделфија – Детроит 114:78
/Ембид 23 – Харис 14/

Мајами – Њујорк 107:103 (97:97)
/Елингтон 24 – Ли 24/

Милвоки – Торонто 110:129
/Адетокунбо 24 – Ибака 21/

Далас – Чикаго 124:127
/Метјуз 24 – Дан 32/

Сан Антонио – Феникс 103:89
/Џинобили 21 – Букер 21/

Денвер – Јута 99:91
/Лајлс 26 – Рубио 15/

Мемфис – Вашингтон 100:102
/Еванс 26 – Бил 34/

Портланд – Атланта 110:89
/Меколум 20 – Шредер 14/

ЛА Лејкерс – Шарлот 94:108
/Инграм 22 – Вокер 19/.